Quantcast
Channel: SkyscraperCity
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34720

Peštani | Пештани

$
0
0
Пештани е село кое е сместено во подножјето на планината Галичица на источниот брег на Охридското Езеро, 12 km јужно од градот Охрид, и се наоѓа на патот од Охрид за Свети Наум. Во Пештани се наоѓа и централното основно училиште „Св. Наум Охридски“ од 1-9 одд. во кое доаѓаат ученици од околните села. Во училиштето има околу 300 ученици.

Селото Пештани се наоѓа во подножјето на планината Галичица, на источниот брег на Охридското Езеро, 12 km јужно од градот Охрид.

Во текот на вековите жителите на Пештани се занимавале со риболов и сточарство, но во последниве неколку децении овие стопански гранки се пред замирање.

Во денешно време, населението на Пештани е свртено кон развојот на туризмот и други сродни гранки. Добро се развиени услужните дејности: трговијата, угостителството, сообраќајот. Се градат нови приватни капацитети за сместување гости, како и приватни хотели.

Сите жители се од македонско етничко потекло, со православна христијанска вероисповед.



nikigango

Viewing all articles
Browse latest Browse all 34720

Trending Articles