Quantcast
Channel: SkyscraperCity
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34720

Dračevo | Драчево

$
0
0
Драчево е населба во Општина Кисела Вода, во градот Скопје. Поради својата големина и бројот на жители Драчево е прераснато во градска населба на градот Скопје. Сепак административно и статистички Драчево се уште се дели на село и населба.

Во пишаните историски извори Драчево за прв пат се споменува во 1300 година. Во XV век Драчево било дел од Скопскиот санџак, а според пописот од 1452/53 година во Драчево живееле 40 семејства и тројца неженети (околу 200 жители), сите православни Македонци, со исклучок на само 1 муслиман. Потоа во XV век Драчево од страна на турскиот султан Мехмед II било дадено на Исак-бег кој на 13 август 1466 го завештал на медресата и теќето во Скопје. На следните пописи во XVI век бројната состојба на населението била следна: во 1528/59 година во Драчево живееле 127 македонски христијански семејства, 7 неженети и 4 муслимански семејства, во 1544/45 живееле 155 македонски христијански и 3 муслимански семејства, а во 1568/69 живелее 149 македонски христијански семејства и 59 неженети ергени, без муслимани. Во тој период Драчево било едно од најголемите населени места во Скопската нахија и воедно едно од економски најнапредните места со највкалитетни земјоделски производи и обврска за плаќање на данок од 34909 акчиња годишно. По овие записи долго време немало никакви споменувања на Драчево со до средината на XVIII век, при што може да се заклучи дека за време на турското владеење можно е Драчево во еден период да замрело со живот, па повторно да се обновило.

Како и повеќето скопски села, Драчево се раселило кон крајот на XVII век, во периодот по 1689 година Карпошовото востание и повлекувањето на австриската војска. Дел од жителите на Драчево се иселиле заедно со повлекувањето на австриската војска преку Дунав, а селото по овој период запустело. Останатиот дел од Македонците од Драчево се преселиле во во месноста (селото) Салаково на планината Караџица дел од масивот на Мокра Планина во околината на Драчево. Во месноста Салаково која се наоѓа во непристапен шумовит предел на билото на Караџица, идеален предел за засолнување на незаштитеното население, пребегнатите жители на запустеното Драчево живееле еден век, се до крајот на XVIII век и почетокот на XIX век, кога започнале повторно да се враќаат и населуваат на старите огништа на сегашното место долу во подножјето на планината и рамничарскиот предел на Скопското поле. Во овој предел на Караџица како сведоштво од засолнетите драчевци постои месноста-потегот наречен Драчевска Планина, на кој лете се напасувала стоката[12]. Поради својата големина и бројноста на македонското население за време на Отоманското владеење, Драчево никогаш не било почифлижено и не постоеле чифлизи на турски бегови и аги, туку жителите на Драчево биле слободни и имале свои поседи, при што имале обврска да плаќаат даноци.

Точното значење на името Драчево во нашата наука се уште не е утврдено. Села со имиња Драчево, постојат во повеќе словенски земји: Русија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија. Името Драчево го носи уште едно село во Зихненско во Егејска Македонија, а во Македонија постојат и 2 села со имиња Драчевица (Демиркаписко и Скопско во непосредна близина на Драчево). Во Албанија постои градот Драч, а со коренот драч- постојат и други населени места во Македонија (Драчиште, Драче) и други земји.

Сепак постојат две главни теории за потеклото на името Драчево. Првата теорија смета дека во основата на името Драчево може да се наоѓа личното име Драче кое претставува деминутивно образување изведено од антропонимот Драгољуб, Драгомир, Драгослав. Личното име Драче во Македонија е регистрирано во XVI век, а во XV век е забележано личното име Драчо, па оттука некои проучувачи сметаат дека името Драчево, означува „село кое му припаѓало на Драче“. Втората теорија за потеклото на името се поврзува со растението што се вика драч или драча (драка) (лат. Paliurus aculeatus) и има значење на „место каде што има драч“. Драчот бил име за сите бодликави грмушки, а до ден денес за изгребување или бодење се користат глаголите „дречи“, „драскање“. Втората теорија, дека името на Драчево означува место каде што има трнливи и бодликави грмушки е потврдена и во делата на истражувачите П.Скок и Јован Трифуноски.
Археолошки локалитети

Белчевица, некропола од римското време. Во дворот на училиштето, при садењето на овошни насади, во 1955 година учениците откриле гробница градена од квадратни тули со скелет покрај кој биле положени стаклени сатчиња ‡ лакримарии.

Љубуш, старохристијански ротонди. На еден зарамнет врв во близината на утоката на Пеленица во Маркова Река, оддалечен 3 km југозападно од селото, има остатоци од римско утврдување чии одбранбени ѕидови го опкружуваат целото плато големо околу 1,5 хектар. Откопани се темели од повеќе градби меѓу кои и темели од две цркви ‡ ротонди. Според Ф. Месеснел, едната имала пречник повеќе од 10 m и под покриен со мозаик, организиран во повеќе правоаголни полиња. Од мотиви во полињата на мозаикот се присутни рибини лушпи, крстови, плетенки како бордури и раскошен кантарос од кој излегуваат бршленови ластари со лисја.

Пинтија (Ќуприја), некропола од доцноантичкото време. На 2 km северозападно од централниот дел на селото, во 1952 година, при подготовките на нивите за садење на лозја се откриени повеќе гробови и една гробница градена од римски надгробни споменици. Најдените прилози се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.

Тресалиште, осамен наод од доцноантичкото време. Во 1949 година во месноста Стефановски Дол е откриена надгробна стела со релјеф и латински натпис. Стелата се чува во Музејот на Македонија во Скопје.



У позадини Скопје.

Според пописот од 2002 година, Драчево (селото и населбата) брои 19246 жители, со што претставува најголемо и најнаселено место надвор од потесното подрачје на градот Скопје. Етничкиот состав на населението е следниот:

Македонци 17310 (89,94%)
Албанци 201
Роми 615
Турци 376
Срби 289
Власи 44
Бошњаци 408
останати 303


За селото и населбата Драчево се водат одделни статистички податоци. Според пописот од 2002 година, селото Драчево броело 8641 жител (7741 се Македонци - 89,58%), а населбата Драчево броела 10605 жители (9269 се Македонци - 87,40%).

Viewing all articles
Browse latest Browse all 34720

Trending Articles