Спортски центар Борис Трајковски е најголемата мултифункционална спортска сала во Македонија. Именувана е по покојниот македонски претседател Борис Трајковски. Нејзиното свечено отварање било на 22 мај кога настапиле кошаркарските егзибионисти Харлем Глоубтротерс. Салата има капацитет од 6,000 гледачи со дополнителни 2,000 мобилни седишта за максимален капацитет од 8.000 места. Салата беше домаќин на Европското првенство во ракомет за жени одржано во 2008. Таа е исто така дом на повеќе македонски национални репрезентации.
↧