Јанче е село во Општина Маврово-Ростуше.
Јанче се наоѓа на надморска височина од 760 метри и е распослано на мала површина од само 4,8 квадратни км и е село од збиен тип. Од нив 38 хектари се обработлива површина, а пасишта се 27 хектари.
Како на дланка, над течението на реката Радика облеано со сонце, скалесто наредените куќи во Јанче наликуваат оддалеку на макети изработени од врвни мајстори. А селото наликува на орловски гнездо среде планинските врвови. Тука всушност е гнездото на најпитомиот народ на Балканот Мијаците. Кога се патува од Гостивар кон Дебар, од левата страна по кривулестиот кањон на Радика, непосредно полсе манастирот св. Јован Бигорски, неможе а да не се забележи селото Јанче со својата прекрасна архитектура. Постојат мал број на пишани документи за ова село, од кои се гледа дека Јанче се наоѓало во месноста Јанечки ливади, скриено заради честите Качачки пљачкосувања. Подоцна селото се дислоцирало поблиску до патот за полесна комуникација со останатите населени места.
Јанче поради идеалната надморска височина од околу 760 метри има медитеранска, но и специфична клима иста како во Солун. И тука виреат исти растенија како таму, за што сведочат писмата на печалбарите кои од Грција им пишувале на своите семејства. Зимите во Јанче се феномен затоа што кога ќе заврнел снег дури и од 50 цм тој веднаш се топел и поради тоа Јанче никогаш во зима не било отсечено од светот како што е случај со Галичник и Лазарополе. Ако времето било добро во Јанче тоа особено за сточарите имало значење дека убаво време ги чека и на околните пасишта можат да ги спуштат стадата на пасење, а печалбарите занеле дека времето е погодно за патување.
Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион од пред повеќе од 5 века во Долнореканскиот крај, која се споменува уште во документацијата на архивот на Истамбул. Во ( Енциклопедијата на селата во РМ) од авторот Митко Панов од 1998 година е забележано дека селото се наоѓа во Западниот дел од Македонија, на средишниот дел на територијата на општина Ростуше непосредно од левата страна на реката Радика и патот Гостивар Дебар. И на 30тина км од Маврови Анови. А, од југозападната страна сместено е на падините на Бистра. Одејќи по течението на Радика кон Јанче добивате впечаток дека селото како да е сраснато со природата, како да е ставено на дланка и ги чека добронамерниците, како што со векови наназад ги испраќало и пречекувало своите печалбари.
Според легендата, првиот жител на селото бил човек со име Јане, по кого се сметало дека селото го добило името.
Постојат мал број на пишани документи за ова село, од кои се гледа дека Јанче се наоѓало во месноста Јанечки ливади, скриено заради честите Качачки пљачкосувања. Подоцна селото се дислоцирало поблиску до патот за полесна комуникација со останатите населени места.