Папрадиште е село во Општина Чашка, во околината на градот Велес во областа Азот.
Селото се наоѓа во областа Азот, југозападно од градот Велес во горниот изворишен дел на реката Бабуна. Папрадиште е планинско село сместено на падините на планината Даутица на надморска височина од 980 метри. Со асфалтен пат е поврзано со селото Богомила од кое е оддалечено 8 километри.
Папрадиште заедно со Ореше се единствените мијачки села во областа Азот и целиот велешки регион. Селото е формирано од Мијаци од селата Тресонче, Лазарополе, Гари, Галичник во Мијачијата во Западна Македонија кои овде се доселиле бегајќи од нападите на албанските качачки банди.
Папрадиште има погодни услови за сточарство (особено одгледување на овци) кое било главна гранка на неговите некогашни жители. Денес селото има големи ресурси за селски и планински туризам. Во Папрадиште постои планинарски дом (обновен пред неколку години) и селото е попатна станица на планинарите кои одат да ги освојуваат врвовите Чеплес и Солунска Глава.
За време на летото и верските и останати празници во Папрадиште доаѓаат неговите некогашни жители и нивните потомци кои имаат куќи во селото. Во овој период во Папрадиште доаѓаат и до 2000 луѓе, поранешни жители и нивни потомци кои живеат во Велес и Скопје.
Во 1961 година Папрадиште броело дури 716 жители, сите Македонци.